речник контакт

Шпански туристи гости во Велес (фото)

Шпанците се на седум дневен престој во Македонија, престојуваат освен во Велес и во Скопје, Битола, Охрид и едно попладне во Подградец Албанија

Петар Печков

Шпанските туристи го откриваат Велес како дестинација. Изминатиот период градот го посетија две групи, втората била Каталонци. Благодарејќи на туристичкиот водич, родена велешанка, таа издејствувала гостите да останат во градот половина ден и посетат неколку знаменитости. Втората група ги посетила Спомен костурницата и манастирот Св. Димитрија. 

„Посетителите беа воодушевени од внатрешноста на Спомен костурницата. Им раскажав дека мозаикот е Македонската Герника –Шпанско село уништено во Граѓанската војна од фашистите. Тие се согласија за вредноста на  мозаикот. Еден од посетители кажа  знае дека од поранешна Југославија имало борци интернационалци кои се бореле за слобода на Шпанија, биле на страната на прогресивните идеи, тоа му го раскажал татко му кој работел во една болница  и видел многумина ранети борци од некогашната држава. Им објаснив дека петмина велешани загинале во нивната Граѓанска војна и за поемата Ќе се вратам на Ганчо Хаџипанзов“ – објасни туристичкиот водич, домаќин на шпанските туристи.

Биле и  на манастирот каде ги виделе  новооткриените вредните фрески од 13 век. 

Додава дека првата група ја посетила само Спомен костурницата, но имале реакции кога морале да ги пешачат 187 скалила до врвот, па затоа сега во такси возила биле превезени по пристапниот пат до објектот.

Шпанците се на седум дневен престој во Македонија, престојуваат во Скопје, Битола, Охрид и едно попладне во Подградец Албанија. Таа се надева дека следните групи кои ќе дојдат од есен ќе може да ги посетат и спомен куќите, или ќе имаат еден ден престој во Велес а не како сега половина ден.

Таа се заблагодари на вработените од Народен музеј и Пан такси кои овозможиле пријатен престој на Шпанците во Велес.

Минатата година имаше договорен туристички престој за подолг временски период во Велес, во хотел Интернационал на туристи од Германија. За жал тие немаа турситчки водич и за време на нивниот престој во градот оставени сами на себе, без организиран престој и посета на знаменитостите на Велес, со кои се гордееме и фалиме. Па слобднотов време попладнето го минуваа во прошетки низ центар и посета на кафетириите и маркетите. 

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »