Петар Печков
Објавено: понеделник, 23 септември 2024
По шпекулациите и непотврдените најави, дека годинашново издание на велешката Питијада, ќе се одржи на нова локација и место, организаторот Општина Велес со објаснување за да нема дилеми.
Информацијата која кружи низ дел од граѓаните, дека манифестацијата ќе се одржи во центарот на градот, на улица 8 Септември, каде се вршат интензивни градежни работи за завршување на поплочувањето на тротоарите, не е точна, објаснија од локалната власт.
„На официјалниот ФБ настан и низ другите содржини, прецизиравме дека годинава 2024, манифестацијата ќе се одржи на старото место, локација Панини, на улица Благој Ѓорев. На истата објава се прецизирани и датумите, тоа се стандардно вториот викенд од месец октомври. Годинава тоа е продолжен викенд 11, 12 и 13 октомври“ - соопштија од Општина Велес.
Организаторот веќе откри дел од учесниците на годинашнава Питијада, засега сигурен е настапот на Елена Ристевска, Суперхикс, Мики Секуловски, Слаткаристика, групата Сарс. Српската поп ѕвезда Саша Ковачевиќ најави дека ќе настапи во Велес на 12 октомври.
На седница на Советот, беше зголемена финансиската поддршка која организаторот Општина Велес ја дава на манифестацијата од 3,5 на 5 милиони денари. Се најави дека на Питијадата ќе има учество на две регионални пејачки ѕвезди.
Tweet |