Петар Печков
Објавено: недела, 25 мај 2014
Од Велес од плоштадот Сарамале тргна штафетата на младоста по повод 25 мај. Во организација на Сојузот на Титови леви сили таа ќе патува до Скопје, пред споменикот на Тито пред гимназијата која го носи неговото име. Тргна од пред спомен плочата која е поставена во центарот на Велес.
Со овој чин ги одбележуваме, штафетата на младоста Денот на младоста и роденденот на другарот Тито. Тој како создавач на ФНР Југославија, тогаш Македонија за прв пат ја доби својата сопствена држава. Штафетата ќе стигне до Скопје каде имаме културно уметничка програма , како и одбележување на делото на Јосип Броз Тито, пред новоизградениот споменик на Тито, поставен од нас. Штафетата тргнува од Титов Велес, патува преку автопат Братство - единство и доаѓа пред неговиот споменик во Скопје - рече Слободан Угриновски претседател на Титови леви сили.
Tweet |