речник контакт

Штетите од ланското пролетно невреме во велешкo 3,1 милион евра

Штетите во Општина Велес и Општина Лозово е на 5,7 илјади хектари кај илјада субјекти. Земјоделците очекуваат обесштетување

Петар Печков

Штетите од ланското невреме, кое го зафана велешко, двете Општини Велес и Лозово се 190 милиони денари, или 3,1 милион евра. Ова е проценка на  Комисијата за проценка кои ги поднесоа извештаите за  штетите до локалните Совети. Невремето  се случи   во средината на јуни, на 13-ти во попладневните часови.

Проценката е дека поројниот дожд, градот, ветерот направиле ,,обемна,,  штета  како што констатирала Комисијата,  од 150 милиони денари во општина Лозово и 40 милиони во општина Велес.  Кај правните лица штетата е поголема  со 121 милиони додека кај физичките лица е 69 милиони денари. Големи штети претрпеа и неколку големи субјекти, грозјето на ,,Зегин,, и житариците на,,Агриа,, и ,,Уни Агро,,.   

Очекуваме државата да не обесштети оти во прашање се  многу фамилии од овој дел на велешко - кажа жител на селото Иванковци.

Во општина Лозово има штети и кај градежни објекти.  Штетата е регистрирана на 5,7 илјади хектари, 3,3 во Лозово и 2,4 во велешко.  Невремето  се случи во период кога вегетацијата на културите беше во пол ек, некои култури  беа во почетна фаза на берба, што резултира со големи штети.

Најголеми штети има во селата  Каратманово, Дорфулија, Милино, Лозово и Иванковци. Тие се констатирани кај: житариците - јачмен, пченица, пченка, овес,  но и кај лозјето, овошките и градинарските култури. Овој извештај ќе биде доставен до Државната комисија за проценка на штети при Владата,  која ќе треба да ги обесштети земјоделците со дел од сторените штети на културите.

Бидејќи законодавецот го зголеми рокот за изработка на елаборатот од 60 на 360 дена,  затоа овој документ  се најде пред  советниците подоцна со повеќе месеци. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »