речник контакт

Штипјанец уапсен во Велес за сомнение дека извршил две тешки кражби во два продажни објекти

С.М. влегол во два продажни објекта, при што одзел пари и други производи

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, среда, полициски службеници во Велес уапсиле штипјанец, кој се сомничи дека извршиле две тешки кражби, со насилно отворање  и влегување во деловните простории.

“На 1 март  полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.М.(45 год) го  од Штип. Тој се сомничи дека на 27.02.2023 и на 28.02.2023 извршил две тешки кражби во два деловни објекта во Велес. Имено, на 27.02.2023 и на 28.02.2023, со употреба на сила и подесен алат тој влегол во два продажни објекта, при што одзел пари и други производи“- информираа од МВР.

С.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него полицијата ќе поднесе  соодветна пријава.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »