речник контакт

Штипјани со победата над ОК Борец поведоа во финалето за првак на Македонија во одбојка

OK Штип УГД - ГОК Борец 3:0

Петар Печков

OK Штип УГД поведе со 1:0 во финалето за првак на Македонија во одбојка, откако со максимални 3:0 го совлада велешки ГОК Борец ви Штип.

За само 75 минути беше решен победникот во натпреварот во кој велешани останаа должни на македонската јавност, дека играат финале за првак. Бројот на освоени поени 15, 22 и 17 покажува дека освен во вториот сет, немаше неизвесност ниту натпрврувачки жар кај ГОК Борец. Не проаѓаше сервисот на Бразилците, иако имаа најголем број поени,  бројни неизнудени грешки резултираа со пораз.

Понеденик од 20ч. во салата Гемиџии е втората средба,која пред домашната публика се очекува далеку подобра игра и желба за надигрување од ОК Борец. Се игра на три добиени натпревари.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »