речник контакт

Што ветува Метрудхем за топилницата

Да ја слушнеме и другата страна од, за велешани тажната приказна, за економскиот ,,бум,, кој се ветува со рестартот на загадувачот.

Петар Печков

 Портпаролот на „Метрудхем“, Александар Билбилов, вели  дека со рестартирањето на топилницата сакаат да направат нешто добро за Велес .

Ние сакаме да донесеме зелена економија со нова технологија. Нудиме начин да се справиме со историското загадување, за кое не сме одговорни. На градот му се потребни инвестициски циклус и нови вработувања, бидејќи во моментов единствена сигурна работа е во буџетските институции. Од топилницата егзистенција обезбедуваа над 2.500 луѓе и уште 1.000 што работеа во услужни дејности. Ова го нема сега - истакна Билбилов.

За рестартирање на топилницата и нова најсовремена технологија за заштита на животната средина „Метрудхем“ планира да вложи околу 150 милиони долари. Ристо Ајтов, жител на Велес, технички инжинер рече дека градот преку транзицијата западнал во едно сивило, каде што дел од луѓето не  работат  или работата за бедни палти од 10 илјади денари други  не се осигурани.

Велес нема голем индустриски капацитет и многумина мигрираат во други градови по  работа. Факт е дека загадувањето порано беше големо. И јас имам дете и сакам да расте во чист град, Но мроа да се ослободиме од психичките стеги, наметнати од лошото минато. Денес технологијата е развиена. Со исполнување  на еколошките стандарди зошто да не проработи топилницата? Ќе има нови вработувања, ќе заживеат малите претпријатија, ќе се зголеми куповната моќ – вели Ајтов.

Професорот по агрохемија порача дека за  македонското земјоделство е многу важно да работи фабриката за вештачко ѓубре.
 
Увезуваме 15 илјади тони вештачко ѓубриво. Парите до субвенциите одат на скапо ѓубре, Не можеме поинаку без домашна фабрика. Не е точно дека почвата е енормно загадена, има под 100 килограми олово. Затоа е потребен еден ваков инвестициски циклус со почитување на законската регулатива и со исполнување на еколошките стандарди – вели Видоја Трпески, професор на Факултетот за земјоделство, кој истакна дека државата многу вложува во земјоделството, но ефектите се топат бидејќи немаме свое  ѓубриво.

Според Антонио Ефремов, експерт што дел од својот работен стаж го поминал во топилницата, реализацијата на овој проект може да и обезбеди 180 милиони долари нето-девизен прилив на државата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »