речник контакт

Што можам да работам со диплома за осигурување

Од понеделник на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, дисперзирана настава во Велес можат да се запишат 50 студенти

Петар Печков

Студиската програма по Oсигурување во прв и втор циклус при ФТУ - Охрид претставува можност за унапредување на дејноста осигурување во Република Македонија низ користење на профилирани стручни кадри кои ќе можат да се справат со предизвиците на современите процеси во областа на осигурувањето.

 Студиската програма е во функција на користење на современи методи во работните активности и оспособеност за осознавање на новите научни резултати и нивна имплементација како апликативни решенија. Конкурентноста на осигурителниот пазар бара да се стекнат проширени знаења за современите тенденции во осигурителната дејност, а во насока на модернизирање на практиките, од аспект на областите кои се основни во осигурувањето: економските науки, правни и математичко-техничките науки, економската условеност и економските резултати, правната регулираност и контролата на сложените активности. 

Низ годините студиската програма осигурување овозможува правилно управување со ресурсите како во рамките на просторните целини и административните рамки, така и со стопанските субјекти кои делуваат во областа на осигурувањето, за да прерасне во надалеку позната студиска насока препознатлива единствено за ФТУ – Охрид. Целта и оправданоста на потребата од континуирано постоење на студиската програма ОСИГУРУВАЊЕ претставува профилирање кадар кој стекнува знаења, способности и вештини за успешен пристап во организирањето, планирањето и реализирањето на активностите во осигурителната дејност.

Првиот уписен рок кој е од 15-ти до 18-ти август на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, дисперзирана настава во Велес, прима 30 редовни со кофинансирање од 100 евра  и 20 вонредни со кофинансирање од 400 евра. Студиите се четиригодишни. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »