Петар Печков
Објавено: вторник, 03 април 2018
Менхур Бачевац: Кога ќе се започне со изградба на водоводот со Горно Оризари?
Коцевски -Тендерската постапка на Министерството за транспорт и врски за избор на најповолен изведувач на замена на постоечката цевка од Превалец до Горно Оризари е завршена, тендерот го доби ГП ,,Изгрев,,. Во тек е постапката за фирма која ќе врши надзор на градежните работи. Потоа ќе започне да се реализира проектот. Жителите на Горно Оризари треба да знаат дека трасата е мошне специфична, комплицарана. Мине под регионален пат Велес - Чашка и под железничката пруга Велес - Битола. Нема да се случи брзо, пред летната сезона. Се договараме со ЈКП Девен да се стави контролен водомер пред влезот во населбата за да се види дали количината вода која се испорачува во Горно Оризари е иста со таа што се фактурира. Парите со кои се гради цевковдот се обезбедени од Европска банка за обнова и развој и има строги прописи за постапката, кои мора да се почитуваат.
Максут Бакиовски: Кога ќе започне реализацијата на проектот за водоснабдување на Раштани и Бузалково и кога ќе започне асфалтирањето на патот до Сливник?
Коцевски- Постапката за водовод за Бузалково, Раштани Клуковец е во фаза за добивање дозвола за градба. Брзо ќе биде распишан тендер за избор на најповолен изведувач и потоа за надзорен орган. По што ќе може да се стартува со изградба. Се зависи од процедурите, кои ги води Министерството за транспорт и врски. Се работи за странски пари, за институции кои работат по нивни принципи и правила. Очекувам летово да се започне со изградбата на водоснабдителниот систем.
Патот до село Сливник, работиме да изнајдеме соодветно решение. Има проблем со техничката документација, бидејќи проектот е одамна од 2010-та. Очекувам дека со финансиска помош на вицепремиерот Анѓушев, до крајот на градежната сезона, годинава ќе биде асфалтиран.
Tweet |