Петар Печков
Објавено: среда, 18 мај 2016
Судската администрација од Основниот суд во Велес заедно со останатите од цела Македонија, повторно излегоа на штрајк. Тој ќе трае сѐ до исполнување на барањето за зголемување на платите од 35 отсто, Во траење од половина час, 60-тина вработени од велешкиот суд, беа пред зградата и така го искажаа нивниот револт од неисполнувањето на барањата, од мартовскиот штрајк.
Овој штрајк з разлика од претходниот, ќе трае се до исполнување на барањата. Тоа е барање за исплата на надоместок за плата во висина од 35 отсто. Владата на 26 април донесе одлука за исплата на ваков надоместок, кој Министерството за финансии требаше да го реализира. Се даде дополнителен рок, во кој требаше да се исплати додатокот, меѓутоа и тогаш не беше исплатен. по што судската администрација од денес почна да штрајкува - изјави Љуба Андоновска претседател на подружница на судска администрација во Велес.
Штарјкот трае во текот на целото работно време, се работат итни предмети - итни мерки, притворски предмети, со странски елемент, издавање уверенија за странци и за вработување. Штрајкот е организиран од Синдикатот на УПОЗ и Здружение на судска администрација.
Tweet |