речник контакт

„Без пиротехника за побезбедни празници” превентивна едукација на учениците во средните училишта

Предавањата ги извршил лекар од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија заедно со полициски службеници на СВР Велес

Петар Печков

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, заедно со лекар од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, реализираа превентивно-едукативни предавања во рамките на кампањата „Без пиротехника за побезбедни празници”.

„На предавањата беше укажано дека употребата на пиротехнички средства претставува опасен ризик по здравјето, особено кај децата и малолетниците, бидејќи содржат експлозив и можат да предизвикаат тешки и трајни повреди и последици по здравјето“ – соопштија од МВР.

Превентивната активност беше реализирана за учениците од прва година од четирите средни училишта „Јовче Тесличков“, „Коле Неделковски“, „Кочо Рацин“ и „Димитрија Чуповски“ во Велес.

Во текот на вчерашниот ден ваква активност беше реализирана и во основните училишта. 

фото МВР

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »