речник контакт

„Вранец Веритас“ на „Стоби“ меѓу петте исклучителни вина од Балканот

Американскиот „Вашингтон пост“ го смести виното „Вранец Веритас“ од бербата од 2011 година на винаријата „Стоби“ меѓу најквалитетните вина од Балканот и од Мала Азија.Поттекнува од Градско кое е на иста географска ширина со Бургундија и со Руската речна долина

Петар Печков

Американскиот „Вашингтон пост“ го смести виното „Вранец Веритас“ од бербата од 2011 година на винаријата „Стоби“ меѓу најквалитетните вина од Балканот и од Мала Азија. Стручњакот Дејв Мекинтаер во тесната селекција го става „Вранец“ меѓу петте исклучителни вина од Балканот. 

„Вранец е темно црвено грозје кое е поврзано со калифорнискиот зифандел и со балканскиот плавац-мали. Станува збор за прекрасно вино со убав мирис кое совршено оди со чадено месо или со говедска чорба“, посочува Мекинтаер.

Деновиве и американскиот весник „Инфорум“, како и критичарот Рон Смит за „Пино Ноар“ на „Стоби“ истакна дека станува збор за вино кое вреди да се проба и Македонија ја опиша како силен играч во интернационалната винска сцена.

Критичарот на „Инфорум“ посочува дека „Пино Ноар“ е лесно црвено вино со рубин нијанса и со силна арома на шумска јагода.

„Поттекнува од Градско кое е на иста географска ширина со Бургундија и со Руската речна долина и регионот е познат по нивните вина ’Пино Ноар’ и ’Шардоне’“, пишува Рон Смит.

 

Веритас - ВРАНЕЦ ВЕРИТАС

Рустичниот и корпулентен Вранец созреан во дабови буриња, со интензивна темно-рубин боја и специфичен ароматски комплекс на капина, вишна и карамел, го отсликува нескротливиот темперамент на сортата. Овој балкански претставник одгледан во срцето на Тиквешкото виногорје, гордо го носи името кое e синоним за вистински вранец, со богат вкус и потенцијал за стареење во шише.

Најдобро е да се служи на 15-17°C со печено свинско, пршута, дивеч, масно сирење, јагнешко и телешко.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »