Петар Печков
Објавено: четврток, 19 април 2007
Винарската визба на Лозар, сопственикот „Зегин“ вчера ја превзеде во владение откако во утринските часови неговото обезбедување влегло во службените и работни простории. Ова откако претходниот корисник, винаријата „Света Елена“ од Неготино не се иселувала од објектот, кој е во сопственост на „Зегин“.
- За Винарската визба имам имотен лист, во предвиденот рок ја платив цената по која го купив, имам и извршно судско решение за влез, така што сите правни аргументи се на моја страна - вели Благоја Механџиски во изјавата за Дневник.
Според него тој имал разбирање и четири месеци повеќе од рокот му допуштил на претходниот сопственик да ја корисити визбата, а тој продолжувал просториите да ги узурпира иако немал никавка законска основа таму и да остане.
Како гест на добра волја на сите досега работно ангажирани работници, „Зегин“ им понуди да потпишат работни договори за ангажирање и да останат таму да работат.
Во оваа визба се планира да се произведува медицинско вино, наменето за извоз а ќе се работи со исландската фирма „Мајлстон“ а инвестицијата е заедничка.
По објавениот оглас за склучување на договор со кооперанти, четири илјади лозари веќе потпишале со „Зегин“ за соработка и пласман на нивното грозје. Досегашниот корисник, винаријата „Света Елена“ се жалеше дека доколку „Зегин“ ги имал сите документи требало да ангажира судски извршител а не да влегува со приватно обезбедување.
Полицијата пак била присутна за да се избегнат евентуалните екцеси и да не дојде до оштетување на имотот.
Ханџиски Визбата ја купи на јавна лицитација во јануари, за 69 милиони денари додека „Св.Елена“ понуди 67,7 милиони денари.

Tweet |