речник контакт

„Мојот Велес“ е книга со непознати факти за познати велешани

Смилевски ги открива малку познатите факти од живеењето на познатите велешани

Петар Печков

        Неодамна беше промовирана   книгата ,,Мојот Велес,, на  новинарот  Никифор Смилевски, негово девето дело. Тој иако е  на хартија  во пензија од 2000-тата,  сеуште неуморно работи, истражува, запишува, објавува.  Во ова дело тој донесува 13 текста за дела, личности и настани од историјата на градот, помалку познати а кој авторот ги истражувал, додека бил новинар во  Радио Скопје.  Раскажува за Невенка  Вујиќ - голема љубов на Рацин, за поп Данаил, за последната фотографија на Коле Неделковски, за фотографиите на Пингов и Поп Орданов  - солунските атентатори, за Андреја Дамјанов, првиот фотограф   велешанецот  Хаџи Косте, кој само  по 16 години од изумот на фотографот сликал со  него.

  Колку време ја подготувавте оваа книга?

  -   Како да се земе. Ако се земе во предвид за секој од 13-те текст, тоа е долг период, со години. Ако се мисли само на собирањето и публикувањето во оваа книга, тоа се неколку  месеци.  Најмногу ме повлече првиот воведен дел, текстот ,,Мојот Велес,,  беше тоа репортажа која  ја работев за Радио Скопје, иако бев пензионер. Прифанав и го пишував четири месеци, од  мај за почетокот на септември. Го работев со голема љубов и мерак. 

 Во книгата  имате фотографии од Орце Поп Орданов и Владимир Пингов. Како дојдовте до нив, кога е познато дека Гемиџиите не сакале да остават ниту еден документ после нив? 

  -   Имав доста пишувано за Гемиџиите, така што и како новинар, велешани ме познаваа во градот. Алексо Џајков, внук од сестра на Миле и Ордан Поп Орданов, кога ја рушеше  старата куќата, ја нашол таа фотографија. Ме повика  и ја објавив.  Таа е фотографирана во 1902-та во Женава -Швајцарија кога Орцето, како што го викаа велешани, по налог на Сарафов бил таму.   Киро Вангелов потомок на Пингови ми ја даде фотографијата од Владимир. И таа е од 1902-та.

Имавте разговор и со Невенка Вујиќ, љубовта на Рацин. Како стигнавте до неа, оти таа живееше во Белград?

    -   Невенка ја најдов со  помош на музата на Рацин, Раца.  Чудно но вистинито. Раца ми кажа каде живее, точно куќата местото на Невенка. Имав среќа што заминав набргу и  ја најдов лесно, иако Белград е голем град. Најави дека за месец  дена таа ќе се селеше од таму.  Невенка  е ќерка на српски учител кој  дошол да работи во Велес и пред почетокто на Втората Светска војна, цело семејство  се вратило за Белград.  Таа не беше мажена и немаше потомци.  Ми го раскажа нејзиниот  однос со Коста Солев.  Сакаше да зборува за него, немаше нешто што се срами, да сокрие. Јас не знам дека таа има разговарано со некого друг за Рацин. Невенка ми помогна додека бев  во Белград да разговарам и со Бане Андреев Ронката, велешанец, учесник во НОБ, и повоен министер за рударство во Федералната повоена  Влада на Југославија.

 Ја имате последната фотографија на Коле Неделковски, како дојдовте до ена?

 

      -   Ми  ја даде Сокол Танев, кој заедно со неколкумина велешани како  мобилкизирани војници  биле  фатени во Ниш, во април  1941. Потоа префрлени во Бугарија и ослободени, каде се наоѓа со Коле, живее кај него одреден период. И на први мај, велешани   на излет се сликани во околината на Софија, на Витоша.   На почетокот од септември, Коле скокнува од мунсардата бегајќи пред бугарската фашистичка  полиција,  и си го одзема животот. 

 Како откривте дека црквата Св. Пантелејмон е градена со стомни?

    - При реконструкцијата во 90-те години години, при моја посета конзерваторите отворија едно парче од ѕидот на црквата и открија дека при иаградбата се користени стомни и тоа надалеку познатите велешки. Тоа  придонесува за високата акустичност, поради што ја нарекуваат Македонсаакта Миланска Скала.

 Пишувате и за Хаџи Косте, кој се потпишува како ,,зуграф и фотограф,,. Што е познато?

  - Тоа е малку истражено за жал. На фрескоживописот во манастирската црква Св. Димитрија, при влезот, може да се забележи дека е запишани со црни букви ,,Овој манастир е обновен во лето 1855. Хаџи Косте зуграф и фотограф,,. При што зборовите фотограф се поголеми од останатите.  

 Напишавте многу текстови, иамте ли нешто што остана недопишано.

  -   Да за животот на моето семејство. Тој материјал  ми е  безмалку готов, одамна. И тогаш решив да оставам на наследниците да го обликуваат, завршат. Ама Бог ми дал век и сакам тоа да биде моето завршно дело, посветено на сопругата Вера, која неодамна неочекувано си замина.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »