Петар Печков
Објавено: четврток, 13 август 2026
Вчеравечер во Велес беше караванот со музичко-сценскиот настан „Силно светнал ден“, одржан по повод 35 години независност на Македонија. Се одржа во паркот пред зградата на Општина Велес, каде три часа присутнтите ги забавуваа 30-тина македонски уметници. Низ програмата водеа Игор Џамбазов и Драгана Левенска.
Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски настан режиран до Дејан пројковски, со музика во живо изведена од македонскиата филхамонија, беше раскажана приказната за 35 години независност, потенцирајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении.
Во Велес меѓу другите настапија Адријана Јаневска, Дарио, Тони Зен, Вера Милошевска од Љубојна, Зуица Лазова, Миле Кузмановски, Александар Тарабунов, Полина Тасева, Бојан Стојков, Дарко Гроздановски, Димитар Атанасовски, Ана Петановска, Огнен Здравковски, велешаните Орхидеја Дукова и Сашко Костов .. за да заврши со дуетската изведба на „Љуби ме и главата горе“ со Ана и Игор Дурловски.
фото: Општина Велес /Влада на Северна Македонија
| Tweet |




























