речник контакт

„Уметникот“ освои најмногу Оскари

Врачени статуетките за најдоброто во филмската уметност

Петар Печков

Францускиот филм „Уметникот“ (The Artist) синоќа триумфираше на 84-то доделување на наградите Оскар во категоријата за најдобар филм, додека за најдобар глумец е прогласен Жан Дижарден, кој ја игра главната улога во истиот филм.

Наградата за најдобра режија ја освои Мишел Азанависиус, исто така за „Уметникот“, кој синоќа освои вкупно пет награди.

Францускиот црно-бел филм со својата романтична приказна ги враќа гледачите во златниот период на немиот Холивуд. Тоа е приказна за актер чија кариера нагло се прекинува со доаѓањето на звучниот филм.

Детскиот авантуристички филм „Иго“ (Hugo), кој беше 11 пати номиниран, освои исто така пет Оскари.

Оскарот за најдобра женска улога го доби Мерил Стрип за улогата на британската премиерка Маргарет Тачер во филмот „Челичната лејди“.

Филм со најдобро сценарио е „Полноќ во Париз“ на Вуди Ален, додека Оскар за најдобар филм од странско говорно подрачје доби иранскиот филм „Разделба“.

Во категоријата за најдобра женска споредба улога триумфираше Октавија Спенсер за филмот „Слугинка“, додека наградата за најдобра машка споредна улога ја доби Кристофер Палмер за филмот „Почетници“. За најдобра музичка тема е "Man or Muppet" од THE MUPPETS.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »