речник контакт

„Услугата“ на Спринт

Краток исповед од еден пациент-корисник на „Давателот на услугата“ Спринт. Никако да си го поправат односот спрема своите корисници и понатаму остануваат „глуви“ на забелешките од своите клиенти.

Никола Солев

Краток исповед на alen: Долго време ме немаше на формуот - но во главном за да видам како ќе се развиваат работите а и имав некои други приоритети. Добро не ми е јасно што е проблемов со корицниците на мрежава? Зарем не свативте која е поентава на мрежава досега? Повеќе од 6 месеци го користам кабелскиов интернет - и во тој период што имаме - повеќе од [b]250[/b] теми во Интернет - СПРИНТ форумот - [b]од кои 99% се жалби[/b]. Ај ќе си речеме - стварно дечкиве од СПРИНТ се супер - направија нешто што во градот го нема - ај ќе почекаме да помине извесен период и проблемите ќе се средат... Но остануваме со чекањето (веќе 6 месеци барем јас)... Добиваме мизерен интернет од 128 kbps и реално споредено со АДСЛ решението од МТНет, кабловскиот е супер зделка и може да биде значително поефтина (зависи колку реално се downloadira). Но да видиме вака - зар за тоа што даваме помалку пари - треба ли да ги трпиме сите непријатности кои следат со мрежава? [b]Дали е тоа префесионалност?[/b] Тоа е исто како она народната приказна со богатиот и сиромавиот - кога богатиот му купил џигер на сиромавиот - а во знак на \"благодарност\" сиромавиот требало да \'рмба цел ден кај богатиот. Па така испаѓа и со СПРИНТ - ние треба да бидеме благодарни поради тоа што тие ја створија мрежата како алтернатива за АДСЛ..... [b]Не се согласувам со тоа.[/b] Е сега да не зборувам за оние правила кои ние мораме да ги почитуваме.... Работава со интернетов е диктаторска работа - кој го има серверот он е најмоќен. Сосема непорфесионално - да не правиме муабет за грижа на корисници и ажурирање на форумот..... Сите корисници овдека потпишавме договор. Договор во кој СПРИНТ се нарекува цитирам: \"трговско радиодифузно друштво преку чија инфраструктура се пренесуваат интернет услугите\" - и мојот најомилен дел - \"Должност и одговорност на КАБЕЛСКИОТ ОПЕРАТОР\" - [b]1. \"КАБЕЛСКИОТ ОПЕРАТОР е должен да осигури непрекината 24 часовна работа во едно деноноќие, 7 дена во неделата во зоната на опслужување на мрежата освен во случај на виша сила\"[/b] Според ова можеме да видиме дека СПРИНТ директно го прекршуваат договорот и сметам дека се свесни кои се последиците. Уште еднаш ви напоменувам, СПРИНТ - дека изговори од типот - немаме интернет поради МОЛ се неиздржани - јас не плаќам на МОЛ и воопшто не ме засега од каде го набавувате интернетот... Е сега кога веќе СПРИНТ не го почитуваат договорот - не ми е јасно зошто сум јас или било кој од мрежава да го почитувам? Еве вака сега да разјасниме една работа - што во тој период мене лично не ми беше примарна па затоа не посветив голема енергија.... Јас бев баниран од мрежата - зошто? Што се случи - јас поставив програма на кабелскиот интернет, која всушност забрануваше акции на тастатурата и глувчето и лесно можеше да се отстрани, значи воопшто никаква закана за било кој корисник на кабелскиот... Но дури и да беше закана СПРИНТ во договорот има определба која вели: \"КАБЕЛСКИОТ ОПЕРАТОР не сноси одговорности за штети настанати од трети лица (хакери)....\" така да јас веднаш, без никакво известување бев баниран, и бев присилен да ги сменам IP и MAC адресите со цел да откријам која е работата - и на крај завршив со бан - поради што поради промена на овие адреси..... хахахаха смешно. [b]Ако СПРИНТ навистина се грижеше за безбедноста на мрежата ке можеа да си инсталираат антивирусни системи и проблемот да биде веднаш решен - ете уште еден факт за нивната професионалност![/b] Друга работа - се надевам дека на сите им стана јасно дека јавниот сервер е ништо друго освен една манипулација за да се привлечат што е можно повеќе корисници.... Да да ќе го чекаме другиот сервер од 1 ТБ уште долго време.... Да не спомнуваме за Game Serverot, каналот и сите останати \"бесплатни\" услуги кои наеднаш доколку добијат поголем популаритет наеднаш настануваат [b]платни[/b]. Ако реално СПРИНТ беше интернет провајдер, а не ΜΑΝ (Metropolian Area Network) манипулатор - досега ќе имаше систем за блокирање на сите портови и никој ќе не можесе да хостира било web, ftp или dc++, а кога сме веќе таму - јас не разбирам зошто беше оваа услуга исклучена - па некој се најде за навистина бесплатно и пред се професионално да понуди решение со просторот за делење податоци на мрежава.... ама тоа е тоа... СПРИНТ ја поседуваат мрежата - само се прашувам без корисници дали ќе имате корист од каблите? [b]Сигурен сум дека кога ќе се постигне задоволителен број на корисници на кабелскиов оператор - ќе бидат укинати сите услуги - освен онаа за интернет (и нели системот во кој мегабајтите уплатени можат да изгорат наредниот месец)[/b] Мојов коментар нема да направи многу, тоа сум сигурен... Но барем можам да ви пренесам вас - корисниците - да почнеме да делуваме - оти на ја бива работава - веќе со коментари не бива ништо... Мегувремено јас ќе го изразам мојот протест со покревање на некои од услугите кои [b]можам[/b] да ги подигнам - а ако добијам бан (под услов дека сум го прекршил договорот) се надевам на подршка од сите корисници од кабелскиот - како и правно решение - согласно со определбите на договорот.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »