речник контакт

,,Комитите,, во четвртокот дивееја низ Велес

Краделе во маркет Жито, уништиле дел од инвентарот, се заканувале на вработените, оштетиле автомобил, нападнале полицаец ...

Петар Печков

Дел од навивачката група на Вардар, ,,Комитите,,  за и по завршувањето на четврточниот  фудбалски натпревар помеѓу  Вардар и Силекс дивееле низ Велес.  Краделе во  маркет, уништиле дел од инвентарот, се заканувале на  вработените, оштетиле автомобил, нападнале полицаец ...Се започнало околу 13,30 часот на Градскиот стадион, за време на натпреварот кога според полицијата,  се случил првиот инцидент .

 Едно лице од навивачката група „Комити“ се обидело да се качи на металната ограда, и откако од полициски службеник е предупреден да се симне, навивачката група од околу 50 лица тргнале кон полицискиот службеник кој бил потиснат на металната ограда. Со цел да се оттргнат навивачите од него и истите бидат доведени во состојба на послушност,  употребено е средство за присилба- гумена палка над повеќе лица. Околу 14 час. од страна на полициски службеници приведено е лицето Д.С.(1995) од Скопје поради  сторен напад над службено лице при вршење работи од безбедноста, и лицата М.М. (1988) од Скопје и С.К. (1988) од Скопје поради сторен прекршок од „законот за спречување насилство и недостојно однесување на спортски натпревар“ - изјави Анита Стојковска портпарол на СВР Велес.  Откако групата го напушти натпреварот а тројцата приведени во ПС Велес биле пуштени, во близина на Автобуската станица  во Велес во маркет кој таму работи , дел од навивачите ,,Комити,, сториле повторно неред и хаос.   

Околу 16,30час. 11 лица од навивачката група „Комити“ извршиле насилство над повеќе граѓани во маркет ,,Жито,, , лоциран на улица „Ангел Мишев“ во Велес, на тој начин што, откако нивни член од групата бил фатен при кражба на чоколади од маркетот, останатите од групата почнале да ги навредуваат, малтретираат и им се закануваат на вработените со физичка пресметка, по што ги кршеле корпите пред влезот на маркетот и се обиделе насилно да ја отворат влезната врата која била затворена после кражбата.  При тоа, оштетиле и патнички автомобил марка „фолксваген поло“ сопственост на  „Секјурити Груп Сервис“ , паркиран од лице кое во моментот службено било ангажирано како обезбедување во маркетот - додава Стојковска. 

По целосно документирање на настанот, од страна на Секторот за внатрешни работи Велес ќе бидат поднесени кривични пријави за „насилство“ и „напад над службено лице при вршење работи на безбедноста“ и прекршочна пријава против две лица за сторен прекршок од областа на „законот за спречување насилство и недостојно однесување на спортски натпревари

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »