Петар Печков
Објавено: понеделник, 10 април 2017
Среда вечер, во 20ч. на малата сцена на велешки театар премиерно ќе биде изведена претставата ,,Синиот портокал,, од британскиот автор Џо Пенхол. Ова е трета премира од годинашната програма на велешки театар, поддржана од Министерството за култура.
Приказната во претставата е за двајца психијатари кои лекуваат млад шизофрен пациент, се осврнува на расата, менталната болест и британскиот живот во 20 век. Од авторската екипа претставата ја дефинираат како саркастична комична пиеса. Режијата е на Александар Ивановски.
Текстот е за класичен британски хумор, спротивставеност во драматургијата која ретко се гледа на македонските сцени. Затоа верувам дека ќе биде културно освежување во македонскиот театарски простор. Во неа е прикажан судирот помеѓу индивидуата и системот, за пациент кој е во процес на евалуација дали да биде задржан на лекување или пуштен дома – изјави режисерот Ивановски.
Во однос на оригиналниот текст е направена значителна драматуршка адаптација, за претставата да биде поместена во овдешното живеење. Во претставата настапуваат Самоил Стојановски, Фаик Мефаилоски и Жарко Спасовски. Драматург на претставата е Катерина Момева, автор на музиката е Сашко Костов, сценографијата на Филип Коруновски.
Tweet |