речник контакт

,,MOTO BEACH PARTY,, ПО ТРЕТ ПАТ ВО ВЕЛЕС

И асфалтот попушти под тркалата на моторите

Петар Печков

Повеќе од шестотини мотористи  беа учесници  на третата Мото бич забава која се организираше на велешкото езеро Младост. Освен од Македонија, имаше гости од Бугарија, Грција, Србија и еден моторист од Австралија. Тие дефилираа низ градските улици на Велес, а километарската  колона го привлече вниманието на велешани, со звукот на моторите и мирисот на горивото. Мотото на забавата е „Носи кацига - биди безбеден,,

На овој начин се дружиме, мотористите од  земјава, но и соседството.  Освен дефилето низ градот, имаме и рок концерт. Оваа забава има и хуманитарна цел. Сите учесници донираат средства, кои потоа ги доделуваме на некое семејство или поединец, на кого му е потребна помош – вели Горан Јовиќ, претседател на  Мото клубот „Носачи на крстот“. 

Вечерва на плажата пред хотелот Романтик има рок концерт на кој  настапуваат  „Crossroad blues band “ и „Day Off“, професионален ди-џеј и неколку велешки групи. Организатор на забавата  е Мото клубот „Носачи на крстот“ со општина Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »