речник контакт

,,Мачорот во чизми,, премиерно во велешки театар

Претстава која ќе биде интересна на само за децата, туку и за тинејџерите и тие нешто повозрасните

Петар Печков

Детската претстава ,,Mачорот во чизми,, работена според приказната на Шарл Перо а во драматизација на Катерина Момева, премиерно ќе биде прикажана денес (среда) во велешкиот театар. Уметничкиот директор Васил Зафирчев ја најави како високо професионална и  сериозна претстава. Режисер  на претставата е Деан Дамјановски, објасни дека ова е современо читање на детската класика.

Приказната е класична, за мачорот кој му помогна на својот господар. Само преместена е во  современо милје, во 80-тите години од минатиот век. Има танцов натпревар  во кој добриот и лошиот се борат за раката на принцезата. Победува пријателот на мачорот, со несебична негова помош. Ова е сериозен продукциски зафат каде движечките, аудио и визуелните елементи се на високо ниво  и во интересна впечатлива комбинација. Направивме претстава  која ќе биде интересна на само за  децата, туку и за тинејџерите и тие нешто повозрасните    – изјави режисерот Дамјановски, кому ова му е седма детска претстава која ја работи.  

Оваа претстава е трета премиера на велешки театар  годинава, финансирана од програмата на Министерството за култура.  Во ,,Мачорот во чизми,, настапуваат Фаик Мефаилоски, Жарко Спасовски, Маја Љутков, Кети Борисовска, Самоил Стојановски, Александар Велјановски, Зорица Панчиќ, Драгана Босниќ, Слободанка Чичевска и Кица Ивановска.  

Секој од нас актерите има ликови, кои сака да ги одигра. Токму со оваа ролја мене ми се случи тоа, да го играм мачорот, што сум посакувал одамна – вели Фаик Самоиловски.    Костимографијата е  на Катерина Чукниева, сценографијата  е на Филип Коруновски, кореографија Маја Каревски додека автор на  музиката е  Сашко Костов.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »