речник контакт

,,Синиот портокал,, среда премиерно во велешки театар

Работена по текст на британскиот автор Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски

Петар Печков

Среда вечер,  во 20ч. на малата сцена на велешки театар премиерно ќе биде изведена претставата ,,Синиот портокал,, од  британскиот автор  Џо Пенхол. Ова е трета премира од годинашната програма на велешки театар, поддржана од Министерството за култура.  

Приказната во претставата е за двајца психијатари кои  лекуваат млад шизофрен пациент, се осврнува на расата, менталната болест и британскиот живот во 20 век.  Од авторската екипа претставата ја дефинираат како саркастична комична пиеса. Режијата е на Александар Ивановски.

Текстот е за класичен британски хумор, спротивставеност во драматургијата која ретко се гледа на македонските сцени. Затоа верувам дека ќе биде културно освежување во македонскиот театарски простор.  Во неа е прикажан судирот помеѓу индивидуата и системот, за пациент  кој е во процес на евалуација  дали да биде задржан на лекување или пуштен дома – изјави режисерот  Ивановски. 

Во однос на  оригиналниот текст е направена  значителна драматуршка адаптација, за претставата да биде поместена во овдешното живеење. Во претставата настапуваат Самоил Стојановски, Фаик Мефаилоски и Жарко Спасовски. Драматург на претставата е Катерина Момева, автор на музиката е Сашко Костов, сценографијата на Филип Коруновски.    

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »