Петар Печков
Објавено: среда, 08 март 2017
Во библиотеката ,,Гоце Делчев,, во Велес беше промовирана книгата на антологија на модерна словенечка поезија, ,,Ти светнува парче убавина,,. Таа е издание на ,,Матица македонска,, а во неа има 25 песни на исто толку автори. Така македонските читатели имаат можност за прв пат да се запознаат со новите тенденции во словенечката литература.
Поезијата ,културата се најважна врска меѓу народите, тие имаат универзална порака и разбирлива за секого. Модерната поезија е секоја поезија на експериментот. Мојата врска со поезијата е одамна. Интересно е што како најдобар ученик во трета година Гимназија, за награда добив книга од македонскиот автор Мето Јовановски –истакна промоторот, Милан Јазбек словенечкиот амбасадор во Македонија.
И тој е застапен со една песна, меѓу 25-те автори. Јазбек има издадено 38 дела, што авторски, дел преводи, репринти. Токму на овој ден на промоцијата на збирката, Јазбек стана член на словенечкиот ПЕН. Во збирката се преставени пред се млади автори, малку познати во Македонија.
Ова е мој втор заеднички проект со Викторија Блажевска, прв беше препев на избрани песни на Томаж Шаламун. Ова е обид за пресек на современата словенечка поезија – истакна приредувачот Соња Довжан, која во Љубљана предава на Меѓународната Гимназија македонски а во Скопје предава словенечки на Словенците во Скопје. Збирката издадена пред некој месец, во соработка со Амбасадата на Словенија во Македонија и Министерството за култура на Словенија.
Tweet |