речник контакт

,,Шкода суперб,, автомобил на годината во Македонија

Националното жири за избор на Автомобил на годината во Македонија одлучи – големиот чешки седан е автомобил, а баварскиот теренец е SUV на годината во Македонија

Петар Печков

По екстензивните возења и долготрајното тестирање, Националното Жири кое го одбира Македонскиот Автомобил на Годината одлучи оваа година титулата да ја однесе Škoda Superb. Големиот чешки седан освои три од петте гласа, вклучувајќи го и гласот добиен од интернет-гласањето.Второто место го освои Hyundai Tucson.  Меѓу финалистите се најдоа и BMW X1, Hyundai Tucson, Jaguar XE, Land Rover Discovery Sport, Mazda CX-3 и Opel Astra. Оваа година титулата се доделува по 21-ви пат.

Така, Škoda Superb им се придружи на досегашните победници: Fiat Bravo/Brava во 1996 година, Renault Megane 1997, Opel Astra 1998, Škoda Octavia 1999, Fiat Punto 2000, Seat Leon 2001, Toyota Corolla 2002, Mazda 6 2003, Mazda 3 2004, Seat Altea 2005, VW Passat 2006, Opel Corsa 2007, Kia Cee`d 2008, Volksvagen Golf VI 2009, Opel Astra IV 2010, Hyundai iX35 2011, Кia Rio 2012, Seat Leon 2013, Škoda Octavia 2014 и Ford Mondeo 2015.

Втората награда која ја доделува стручното жири е наградата за SUV на годината која за 2016 година му припадна на BMW X1. Како што велат од стручното жири, наградата се доделува поради новитетите што ги понуди, меѓу кои за прв пат Баварците лансираат изведба со преден погон и што во дизел изведба, може да се добие по цена пониска од 30 илјади евра.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »