речник контакт

,Класниот непријател,, премиерно во велешки театар

Претставата ја третира класната разлика меѓу луѓето, не само по социјала, туку и во животна и човечка смисла.

Петар Печков

Утревечер (сабота) во велешкиот театар , во 20ч. премиерно ќе биде прикажана претставата,,Класен непријател,, од Најџел Вилијамс а во режија на Теа Беговска.  Таа четврта годинешна премиера од годинешната програма на ,,Јордан хаџи Константинов Џинот,,.  

Претставата е работена по  современ драмски текст , поставуван во повеќе земји во светот, а велешкиот театар ги откупил  авторските права за Македонија.  ,,Класниот непријател,, ја третира класната разлика меѓу луѓето, не само по социјала, туку и во животна и човечка смисла.   

Главното прашање кое го поставува претставата е што е знаењето. Дали воопшто знаење кое може да го поправи овој свет во кој живееме. Текстот има совршена драмска структура а јас ги додавав професорите како ликови, како слика  на нашиот општествен систем. Учениците ги раскажуваат тажните судбини, кои се одбранбен  механизам против овој општествен систем. Ја имаме како дополнителен лик,  новинарката репортер  која дава критика на како новинарите како известуваат што се случува или не се случува - изјави режисерката Теа Беговска.  

За неа претставата е искрена, отворена,   директна. Во претставата настапуваат Жарко Спасовски, Фаик Мефаилоски, Талија Настова, Марија Стефановска, Александар Велјановски, Самоил Стојановски, Драгана Босниќ, Славица Манаскова, Кирил Гравчев, Слободанка Чичевска, Алексадар Георгиев, Весна Бобевска. 

Улогите не се далеку од нас, оти сме свежо излезени од клупите. Ликовите се тешки, бидејќи имаат големи социјални проблеми, што ги натерало да бидат гневни на се во општеството, на родителите, на професорите - вели актерот Спасовски.   Во претставата носечките ролји се на помладите актери, членови на велешки ансамбл. 

Во претставата се вклучени сите, учениците , родителите кои ги испраќаат децата на школо, професорите кои им предаваат на учениците. Сакаме гласно да викнеме да се ослободиме од стегите кое не врзуваат, но сите некако траат, молчат. Ликовите се интересни, се на работ помеѓу генијалноста и лудилото  -   рече  Мефаилоски.

Сценографијата во ,,Класен непријател ,, е на Фили Коруновски костимографијата на Александра Крнинова Груев а музиката на Енес Беговски.  ,,Класен непријател,, се игра на мала сцена.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »