Петар Печков
Објавено: вторник, 26 јуни 2018
Вчера попладне, понеделник, 25 јуни на Долги рид, се случила сообраќајна незгода. Автомобил кој патувал кон Велес, излетал од патот и сите петмина патници се повредени, еден потешко.
Околу 18.ч. на регионалниот пат Извор-Велес, пред крстосницата за с.Војница, дојдено е до сообраќајна незгода во која патнички автомобил марка “Форд Галакси“ со велешки регистарски броеви управувано од З.А.(22) од с.Горно Јаболчиште излегло надвор од коловозот и удрил во земјен брег од десната страна на патот - пишува во соопштението на СВР Велес.
По незгодата со две возила на ИМП при ЈЗУ “Здравствен Дом“ Велес, возачот и четворицата сопатници биле пренесени во ЈЗУ “Општа Болница“ Велес, каде што, е извршен лекарски преглед и се констатирани тешки телесни повреди кај лицето И.А.(47) од с.Горно Јаболчиште.
Според портпаролот Марина Андова лицето не е во животно загрозувчка состојба но поради тежинта на повредите, скршеници е упатен на понатамошно лекување во Ургентниот Центар во Скопје, а останатите со лесни телесни вреди се пуштени на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес а по истагата ќе бидат познати причините за излетувањето.
Tweet |