речник контакт

Автомобил удри во воз кај Лозово

Автомобилот искршен а момчето без повреди

Петар Печков

Вопетокот вечер  околу 20,45 часот  кај село Лозово, автомобил удри во патнички воз. Автомобилот е оштетен а момчето минало без повреди.  

Тоа доаѓало од правец на Кочани, возело кон Велес а удрило во  патничкиот воз,  т.н. шпанец кој сообраќал од Кочани кон Велес.  И покрај спуштената рампа и вклучениот сигнал, тој минал преку преминот. 

На патниот премин , магистрален пат А3 Велес- Штип преку железничката пруга Скопје -Кочани, во  Лозово, се случила железничка незгода помеѓу  автомобил „Мазда“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.Н. (31 год) од Кочани и патничкиот воз бр.652 со моторна гарнитура 712-101/2, управуван од В.Ц. од Долно Лисиче- Скопје.  Во незгодата нема повредени лица, причинета е само материјална штета – соопштија од  МВР.  

Во времето 20,55 до 23,10 часот, за време на вршење увидот железничкиот и патниот сообраќај на релацијата Велес – Штип,  бил во прекин. Според сведоците на настанот возачот  на автомобилот и покрај спуштената рампа и вклучениот сигнал, се обидел да го мина железничкиот премин, кај Лозово. Среќна околност според нив била што возот не возел брзо, па така возачот минал без повреди.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »