Петар Печков
Објавено: четврток, 03 февруари 2011
12 годишната Надица Трајковска од Велес видот го изгуби во септември кога помагајќи на татко и падна од стаклениот кров директно на бетонот во подрумот од зградата во која живеат. Додека девојчето да биде донесено во Ургентниот центар во Скопје 3-пати е враќано во живот.
3 недели била во кома. Поради повредите на главата, лицето, вилицата и нозете направени и се неколку операции, но нашите лекари не можат да и го вратат видот.
Со конзилијарно мислење од очната клиника Надица во понеделник треба да замине на преглед во Москва. Од таму на родителите им дале потврден одговор дека ќе се обидат детето да прогледа.
Само за првичните консултации и испитувања во Русија потребни се 6000 евра. Мал дел од оваа сума е собрана со помош на донации, а 80 проценти од трошоците ќе покрие и фондот за здравство. Но понатамошното лекување, сложената операција и престојот во Русија чинат многу повеќе.
Родителите на Надица ја немаат собрано ниту првичната сума која е само за прегледот , бидејќи се невработени и живеат од социјална помош.
Сакаат нивната Надица да продолжи да живее нормално како и секое дете и апелираат за помош до сите хумани луѓе.
Надица не може да оди на училиште, ниту да се дружи и игра со врсниците. Во 6-то одделение била само еден ден зошто несреќата се случи на 2 септември.
За да може 12-годишното девојче повторно да ја види светлината на денот и нормално по 4-ти пат да продолжи нормално да живее може да помогнете со донирање на следната трансакциона сметка.
Трансакциска сметка 200002272681571-Стопанска банка на име Надица Трајковска
и на телефонот 075/143 -123 (само за корисници на ОНЕ)
веста е преземена од ТВ Сител
Tweet |