Петар Печков
Објавено: недела, 08 февруари 2015
Кавадарчанецот Панче Т. ( 32 год) бегајќи од полицијата се превртел и тумбал па завршил во ендек покрај патот. При ова бегство, тој повредил еден од полицајците кој се обидел да го сопре.
Според СВР Велес, инцидентот се случил во саботата вечер околу 20,50 ч. на регионалниот пат Велес - Градско, кај фабриката ХИВ, кога полиција се обидела да сопре возило џип, со бугарски регистарски таблички управувано од Панче Т. Но тој не сопрел туку забрзал при што ги повредил полицаецот Р.Р. (41 год).
По ова џипот кој возел со голема брзина се обидел да избега, излетал од патот, се превртел а полицијата го уапсила возачот, за кого по идентификацијата утврдила дека се бара за одлежување правосилна казна затвор од една година. Двете лица се хоспитализирани во велешката Болница според портпаролот имаа повеќе повреди, но се вон животна опасност.
Tweet |