речник контакт

Беквалац, Црвена јабука, Лозано и Давид Темелков на Питијадата

Локацијата иста пред Панини, терминот од 9 до 11 октомври. Се размислува од следната година Питијадата да треа два дена

Петар Печков

Одговарајќи на советничко прашање од Игор Стојанов за годинашнава Питијада, на денешната седница на Советот, градоначалникот Марко Колев објави  дел од имињата на музичките изведувачи кои ќе настапат на манифестацијата. 

„Петок започнуваме традиционално со најмладите, децата од градинката, продолжуваме со џиновската пита пастрмајлија, завршуваме со Влатко Лозановски, сабота е балканската ѕвезда Наташа Беквалац а недела по барање на повеќе велешани е Црвена Јабука. Пред нив ќе пее Давид Темелков. Останатите учесници уште се договараат. На Велес му е потребна една голема манифестација, како оваа“ – рече Колев.
 
Датумот на одржување е традиционален, втората седмица на месец октомври, годинава од 9-ти до 11-ти, локацијата е иста, пред Панини.

„Кога ќе заврши изградбата на подземната гаража во центарот и новиот плоштад таму ќе се одржува во центарот на градот. Размислувам од следната Питијада да трае два дена, третиот ден некако нема голема посетеност, така ќе ги намалиме трошците и ќе донесеме поголема балканска ѕведза во сабота навечер“ – дополни Колев.  
 
Организатор на Питијадата е Општиан Велес. 

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »