речник контакт

Болницата Јасеново, воздушна бања

Реновирана, со нови апаратури и современо дијагностицирање таа прифаќа се повеќе пациенти и успешно ги лекува

Петар Печков

Специјална Болница за белодробни заболувања  и туберколоза Јасеново крај Велес прерасна во здравствен центар каде  се лекуваат белодробните болести и срцевите заболувања.  Не доаѓаат повеќе само пациенти од велешко, ги има и од Тиквешијата, Прилепско но и од Источна Македонија.

Даваме здравствени услуги на пациенти од Каменица, Злетово, од рударските краишта кои како резултата на работа имаат здравствени проблеми. Имаме наплив на лица од тој дел на земјава. Бројот на пациентите ланската година стигна до  пет илјади кои имаа амбулантски прегледи, што е за 25 отсто повеќе отколку во 2012-та, додека лежечки имавме илјада и сто. Сите тие беа прегледани, згрижени и  заминаа излекувани. Оваа бројка покажува дека имаме  зголемен број на болни но и префрлање на  пациенти  од една во друга здравствена установа.  Тоа е резултат  на нашата работа, бидејќи нудиме квалитетна, брза и успешна здравствена заштита базирана на  модерни стандардни на дијагностицирање – изјави директорот д-р Гоце Бузалков. 

Болницата се наоѓа на падините од Јасеновската планина на 400 метри надморска височина и со таа во Лешок, се единствени во земјава за овие болести. Неодамна заврши  реновирањето и таа сега има 76 легла, во три павилјони, со ресторан менза каде пациентите се хранат. Болницата има  мал број на персонал за бројот на пациенти,  пет доктори специјалисти и девет сестри.

Пациентите кои   доаѓаат најчесто имаат белодробни болести 60 отсто, срцеви заболувања 30 отсто и 10 отсто крвен притисок или мозочни удари. Даваме услуги за локалното население во околината од 30км. оти таа е единствена, доаѓаат итни случаи од сообраќајки, лани имавме неколку случаи на казнувања од змии во текот на полски работи на месното население. За сите  вакви случаи имаме и санитетско возило за итни интервенции со кои пациентите ги пренесуваме до Велес или Скопје – објаснува д-р Бузалков. 

Тој најавува дека оваа година ќе се реши проблемот со автобусот со кој се превезуваат вработените, бидејќи постојниот е стар 40-тина години и е во мошне лоша состојба. Со него не е добро да се патува, а штетно по здравјето на патниците.   Пациентите не штедат  убави зборови за престојот таму.

Многу сме задоволни од приемот, од докторите, сестрите. Се се завршува за неколку часа, со едно доаѓање, што е голема предност, нема одложување, нема откажувања.   На други места, оваа работа мораме да ја обавиме за два три дена, тука  е се ефикасно во наш интерес – вели пациент кој дошол утрото со автобусот на Болницата а заминува со истиот, со завршувањето на работното време.

Поради својата местоположба и локацијата во густа шума, пациентите ја нарекуваат македонски Шварцвалд бидејќи таа е вистинска воздушна бања. Со реновирањето на Болницата обезбедени се две соби за болните од туберкулоза, каде има  специјални системи за вентилација, со што ќе бидат заштитени останатите пациенти во институцијата.

Ја надградуваме  дијагностичката методи, работиме комплетна крвна слика,  имаме кабинет за спирометрија со специфични испитувања на бронхит и астма, кабинет за  ЕКГ, кабинет за испитување на алергии, рендген кабинет,   кардиолошки кабинет со холтер за крвен притисок и  холтер за срце, модерно Ехо доплер – вели д-р Бузалков. 

Болницата  за белодробни заболувања Јасеново е изградена  е 1948 година и таа во тоа време била наменета како хируршка за ранетите Македонци и Грци борци на Демократската Армија на Грција (ДАГ) во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »