Петар Печков
Објавено: понеделник, 27 јуни 2016
Неделата попладне бркотница по автопатот Градско – Скопје кога полицијата се обидела да сопре две возила близу локалитетот Стоби. И пукотници на влезот во Велес. При пукањето едно лице е повредено и пренесено во Ургентен Центар Скопје.
Се започнало околу 17,20ч. кога полициска патрола на ПС Неготино, дала знак за сопирање на две возила марка ,,мерцедес,, и ,,ауди,, во близина на локалитетот Стоби, на автопатот кон Велес. Но наместо да сопрат возачите со зголемена брзина избегале. Нив им била поставена полициска заседа кај Штипска клучка, на влезот од Велес.
Околу 17,50 часот двете возила биле забележани на влезот од Велес и при обид да бидат запрени, едното возило „Ауди“ тргнало кон полициските службеници при тоа загрозувајќи им ги нивните животи, а на еден од нив му ја прегазил ногата. Во тој момент другиот полициски службеник ја репетирал автоматската пушка и дал наредба да запре, но истиот со возилото се упатил кон него, по што полицаецот враќајќи се назад за да избегне удар од возилото, паднал на коловозот и при падот од пушката испукал три предупредувачки проектили во воздух. Еден испукан куршум завршил во предното лево тркало за да се одбие напад со кој му бил загрозен животот, по што возилото Ауди со голема брзина се упатило кон Скопје – информираа од СВР Велес.
По ова во потрагата по двете возила биле вклучена и скопската полиција и по што кај село Мралино – скопско, возилата биле сопрени и двете лица приведени. МВР констатирала дека едното лице е А.Ф. (33) од Скопје кое се здобило со две прострелни рани заради што бил пренесен на Ургентен центар Скопје, а второто лице З.З. (31) од Скопје бил приведен во ПС Гази Баба. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Tweet |