речник контакт

Бројот на болни од грип во велешко опадна за половина, најмногу се болни учениците

И натаму најмногу грипозни во регионот има во Кавадарци

Петар Печков

Изминатата недела во велешко се регистрирани 468 заболени лица од грип, што е далеку помалку од седум дена претходно. Ова се бројките со кои располага   Центарот за јавно здравје во Велес.За потсетување во втората седмица до февруари имаше регистрирано 808 болни од грипот. 

И натаму најголем број на заболени се деца, на возраст од 5 до 15 години, 166.  До четири години има 75 деца, во возрасната група од 16 до 64 години има 198 случаи и +65 години има само 29 лица.

За три седмици од месец февруари во  велешко биле регистрирани 1.359 лица заболени од грип, додека  во јануари имало само 88 заболени.

И натаму најмногу болни од грип на подрачјето кое го покрива Центарот за јавно здравје Велес, има во Кавадарци , каде  изминатата седмица имало 483 болни лица од грип а во втората седмица од февруари имаше 1049 заболени. 

Иако просветните работници реагираат дека во некои одделенија  имаат само по 5-6 ученици, надлежната комисија за заразни болести при Министерството за здравство не прогласи епидемија. Бројките покажуваат дека случаите на болни од грип се намалуваат 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »