речник контакт

ВВ Повардарие Неготино се спаси од стечај

ДПТУ ,,ВСМ-Интер,, ДОО Скопје го презема долгот од визбата и на Царина и уплати 52,3 милиони денари по што предлогот беше повлечен

Петар Печков

Трета фирма ги уплати парите, долг на  Винарска визба ,,Повардарие, па таа  се спаси од стечај.  Откако Друштвото за трговија, производство и услуги ,,ВСМ-Интер,, ДОО Скопје која го презема долгот од ВВ Повардарие,  на сметката на  Царинска Управа на Република Македонија уплати  52.302.289 денари, тие го повлекоа барањето за отворање на стечај.

Така  на   стечајната судијка и остана само да констатира дека пред стечајната постапка е затворена.  Овај предмет во Основен суд Велес  започна на  11 ноември мината година а за предстечаен управник беше именуван Ѓорги Костов од Скопје.

По ваквиот развој на настаните  повлечени се забраните за извоз на вино  и забрана за работа со сметки. Ова овозможува непречена натамошна работа на винарската визба, најави нејзиниот стратешки инвеститор.        

Најважно е што ќе можеме да извезуваме  вино и вински дестилати. Само така ќе може визбата да продолжи со работа – рече во судницата  Раде Јефтовиќ директор на Вино Жупа од Аранѓеловац- Србија, сопственик на ВВ Повардарие.

Неодамна долгот од ВВ Повардарие  го презема  ДПТУ  ,,ВСМ-Интер,, ДОО Скопје, со директор Владимир Стоиљковиќ Србин со грчки пасош,  кој освен царината ги исплати и  тројца други доверители, со околу пет милиони денари, па сите заедно повеќе немаат побарувања.

Сега и лозарите од Кавадарци и Неготино чекаат дали ќе добијат средства за предаденото грозје од 2015-та и 2016-та во ВВ Повардарие.    Пред некој ден, пратеникот од Кавадарци Панче Минов на прес  конференција  соопшти дека долгот  кон лозарите на ВВ Повардарие бил 3,5 милиони евра.  

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »