речник контакт

Велес доби нова театарска зграда (фото)

Зградата на новиот театар во Велес предадена на актерите

Петар Печков

Новата театарска зграда ,,Џинот,, во Велес е предадена на  актерите. Тие со перформанс од  кратки делови од десетина нивни претстави играни последната деценија ја добија во владение  новата театарска зграда. Првата премиера ќе се изведе кон крајот на октомври, на текст за кој има распишано конкурс. Меѓу петнаесетината актери кои со децении го чекаа овој момент, најстар и за некој месец во пензија, но сепак дочека да заигра на новата сцена, е актерот Александар Ѓоргиев.   Тој силно емотивно го доживеа овој момент.

Овој ден го чекавме од  далечната 1963 година. Колку се работи се сменија,  минаа и конечно се оствари идејата за нов театар. Прво беше  Дом за култура на овој простор а од 1994-та и проект за оваа зграда. И еве  на крајот од кариерата дочекав да влезам во  новиот театар, и заиграм на новата сцена.  Условите се фантастични, што многу колеги од други театри го посакуваат а за нас стана јаве  – вели Ѓоргиев.  Тој е претставник на постарата генерација а заедно со него одиграа и помладите кои имаат  стаж кој се брои во месеци.  Автори на зградата се архитектите Илија и Моника  Стојчевски, кои 20 години го чекале  овој момент.

Ова е среќен момент за нас. По две децении идејата стана јаве. Не радува тоа  што  сите учесници во градбата, го почувствуваа објектот за свој. Тоа е успехот за нас – рече авторот Илија Стојчески. Објектот вреди околу 12 милиони евра има пет нивоа, мала и голема сцена, се простира на 4,2 илјади м2, има капаците за 500 гледачи. Велес од денес доби нов и репрезентативен театарски објект, со светски стандарди, сценски простор со современа технологија и високи технички перформанси, врвно сценско осветлување,  во кои ќе се  негуваат уметноста и културата. Салата може да се  користи и за балетски и оперски претстави.  Опремата е од врвни  светски брендови.  Предавајќи го новиот објект на велешките актери, премиерот Никола Груевски  рече дека не треба велешани и актерите да се заблагодаруваат, тие овој ,,објект го заслужија,,.

Очекувам дека за многу млади велешани, оваа нова зграда ќе биде предизвик. Со условите за работа кои ги нуди , таа ќе биде поттик да зачекорат на сцената и штиците кои  живот значат  – рече премиерот Груевски.  Министерката за култура пак потсети дека Велес е град со традиција.

Долгото патување до оваа цел, го започнаа луѓето, чии имиња ќе останат трајно бележани во македонската културна историја. Петре Прличко,  Тодорче Николовски, Јосиф Јосифовски , Борис Бегинов и и многу други кои активно твореа и го создаваа велешкиот театар. Нивниот сон е реалност во кој ќе уживаат многу следни генерации. Во Велес стапна првата жена  на театарската сцена Тинка Коларова,. Јордан Хаџи Константинов Џинот пред 120 години визионерски гледаше кон културата   - рече Елизабета Канчевска Милевска министер за култура.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »