Петар Печков
Објавено: петок, 25 мај 2012
И Велес и рускиот Моршанск имаат многу сличности, па разбирливо е што доаѓа до нивно збратимување. Почетокот беше со потпишување на документот писмото за намери.
Актот што денес го потпишавме е само писмо за разбирање, прв чекор што ја потврдува нашата добра волја да ги отвориме вратите за соработката и да градиме меѓусебна доверба врз темелот на едно трајно пријателство – изјави Горан Петров градоначалникот на Велес. Соработката помеѓу овие два града доаѓа по иницијатива на деканот на Славјанскиот универзитет од Свети Николе и Друштвото на македонско - руското пријателство Димитрија Чуповски .
И двата града ги поврзува тоа што во минатото биле трговски центри, имаат идентичен број жители околу 45 илјади, и двата града имаат цркви со идентично има Св. Богородица, и Велс и Моршанска биле образовни центри за регионот. Пријателството меѓу македонскиот и рускиот народ, како словенски, имаат историска традиција. Големите македонски дејци од Велес, кои се темел на културната историја на Македонија. Рајко Жинзифов, браќата Петковиќ Андреја и Константин, своето образование го стекнале во Русија, на тамошните школи. Браќата потоа биле со години руски конзули во Риека и Дубровник.
Задоволство ми е што можам по големиот словенски празник Св. Кирил и Методиј, да го потпишеме документот за зближување на нашите два града. Вчера дури и претседателот Путин го честиташе овој празник на сите словенски народи. Има многу место за зближување , културна, фолклорна, економска така што ќе можеме да најдеме заеднички точки на соработка – рече градоначалникот на Моршанск Генадиј Калинин
Tweet |