Петар Печков
Објавено: понеделник, 10 октомври 2011
Во Изложбениот салон на Амбасадата на Република Македонија во Виена се одржа првиот од планираниот циклус настани во рамките на „Културното патување низ градовите во Македонија“, на кој беше претставен градот Велес.
Како што соопштија од Амбасадата, бил прикажан документарен филм за Велес. Настапил и градскиот црковен хор „Св.Пантелејмон“, со повеќе македонски староградски и црковни песни.
Игор Крајчев, поет од Велес, читал поезија од Кочо Рацин, како и свои поетски творби, со препев на англиски јазик.
Биле присутни претставници од дипломатскиот кор во Виена, на православните цркви во Виена, како и други пријатели на Македонија и претставници на македонската заедница во Виена
Tweet |