Петар Печков
Објавено: четврток, 02 октомври 2014
Вчера, среда, во 11.00 ч. во просториите на Здружение на возачи – Автобезбедност во Велес, З.Р.(59) од Велес незадоволен од работењето на полицискиот службеник почнал да вика на висок тон и да се расправа.
Откако истата се легитимирала со службена легитимација и му наредила па престане со викањето, истиот продолжил да и упатува навреди и пцошки.
Дури и ја нападнал, што преку шалтерот со рака ја удрил по левата рака, ја фатил и ја потегнал, а истата се удрила со главата во стаклото од шалтерот. Од нападот полицискиот службеник се збодила со повреда на левата рака и главата во пределот на челото.
По целосно документирање на случајот против З.Р. ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело ”напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”.
Tweet |