Петар Печков
Објавено: четврток, 25 април 2013
Во неделата на полноќ во 00,10 часот на автопатот Гевгелија -Скопје, кај клучката за Демир Капија, од страна на полициски службеници извршена е контрола во автомобил „мерцедес“, управувано од Н.Н.(25) од Велес. Во него се затекнати четворица странски државјани, тројца сомалиски и еден државјанин од Того.
Тие биле без документи за идентификација, илегално влегле од Грција, а имале намера да заминат во Унгарија а понатаму во земјите од Европската унија. По расчистување на случајот полицијата ќе поднесе соодветни пријави.
Tweet |