Петар Печков
Објавено: петок, 29 ноември 2013
Невообичаена гужва имаше овој петок во маркетот на техномаркет во Велес. По најавите дека некои производи ќе бидат намалени и до 80 отсто, велешани и помлади и постари и стечајци и вработени, дојдоа да најдат нешто што ќе им биде потребно за дома.
Со оваа акција, која започна на 29 ноември, ќе трае до понеделник, 2 декември 2013 година, компанијата му се приклучува на светски популарниот настан, Black Friday или познат како почеток на божиќните и новогодишните намалувања. Во текот на викендот, најголемиот ланец на продавници за бела техника и апарати за домаќинство, Техномаркет, за прв пат ќе им овозможи на граѓаните купување на вредни предмети за домаќинство по многу ниски цени. Ова е во најавата од Техномаркет за овој прв пионерски чекор во македонија.
Најпознатиот празничен шопинг настан, Black Friday, е традиционална манифестација на која сите поголеми маркети, продавници и компании своите производи ги нудат со големи попусти, со што го покажуваат својот празничен дух. Тоа е најмасовно посетениот настан ширум светот, кога граѓаните во редици го чекаат отворањето на вратите од супермаркетите и трговските центри
Tweet |