речник контакт

Велешани на бесплатни здравствени прегледи

Повеќе стотина, пред се повозрасни сограѓани ги мереа маснотиите и шеќерот во крвта и крвниот притисок

Петар Печков

На плошатад Сармаале четири часа, од 8 до 12 се организираше акцијата на бесплатни здравствени прегледи. Минувачите можеа да ги проверат крвниот притисок, шеќерот и маснотии во крвта.


Дел од нас не се свесни дека имаат повишен крвен притисок, или повишени масти и шеќер, да немаат тегоби. За да не биде доцна кога ќе се случат последиците од нив, преку овие акции помагаме на дел од населението, на време да ги преземе потребните здравствени мерки - вели д-р Татјана Самаракова директор на ЈЗУ Здравствен дом Велес.

Ова е прва годинашна акција, следната ќе биде на 7-ми април на локација во близина на фонтата во Нова Населба. Организатор е Министерството за здравје и ЈЗУ Здравствен дом и ова е четврта година по ред како се организраат бесплатни здравствени прегледи.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »