Петар Печков
Објавено: среда, 06 септември 2017
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.К.(35) од Прилеп, за сторено кривично дело „измама”.
Пријавениот во текот на 2016 година, лажно се претставувал дека е вработен во МВР,во Управата за безбедност ик онтраразузнавање, при што измамил женско лице од Велес дека со негово посредство ќе и овозможи да биде зачленета во одредена политичка партијата, а потоа поставена за координатор за град Велес, како и кандидат за пратеник во изборна единица, за што оштетената му дала 700.000 денари.
Но ниту оштетената станала координатор на партија, ниту кандидат за пратеник, ниту ги добила парите назад.
Tweet |