Петар Печков
Објавено: петок, 14 јануари 2022
МВР Информираше за настан кој се случил ноќеска во Гостивар, кога се степале две девојки, од Велес и Гостивар.
„На 14-ти јануари година околу 03.10 часот полициски службеници од СВР Тетово ги привеле 31-годишната Д.Ј. од Гостивар и М.С. (26) од Велес, со привремен престој во Гостивар, бидејќи на ул.„Илинденска“ во Гостивар, во непосредна близина на трговски центар го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка“- соопштија од СВР Тетово.
Притоа гостиварката Д.Ј. агресивно се однесувала кон полициски службеници кои вршеле службени дејства. По комплетно документирање на случајот ќе следат и соодветни поднесоци.
Tweet |