речник контакт

Велешките музеи цел на учениците од земјава

За еден месец илјада посетители, најмногу ученици

Петар Печков

Учениците го освојуваат и откриваат  Велес како културна дестинација, откако екскурзијанти  се посетители на знаменитостите на градот. Овој месец тој е полн со групни посети на ученици , кои доаѓаат да ги видат поставките на  Народниот музеј, родната куќа на Кочо Рацин и Спомен Костурницата.  Бројките покажуваат дека овој период околу илјада посетители  биле гости на музеите во градот.

Изминатиот период по Велигденските празнувања, Народниот музеј од Велес прими бојни гости.  Најголема посетеност бележи куќата на Кочо Рацин, Општиот Музеј и спомен Костурницата на паднатите борци од НОБ. Но освен нив гостите интерес покажуваат и за куќите на Главинов и  Јордан Хаџи Константинов Џинот. Најчесто доаѓаат основци а помалку  средношколци. Учениците се од Скопје и градовите од северо – источниот дел на Македонија -  вели Павлина Василева виш кустос во велешкиот музеј.

Куќата во која е роден, живеел и творел  Рацин го задржала автентичниот изглед и типично за старите велешки  куќи, има приземје и кат. На приземјето е грнчарската  работилница на Рацин и печката во која ги печел глинените производи. На катот има две соби, кујна и гостинска, како и чардак со прекрасна глетка кон стариот  дел од градот.  На чардакот е сместена постојана постановка на документи и предмети кои му припаѓале на големиот Рацин, чија стихозбирка „Бели мугри“ е најпреведувана книга од македонски поет. Таа е неодминлив дел од секоја организирана посета на Велес, заедно со Спомен Костурницата, која е на влезот во градот.

Учениците интерес покажуваат и за Спомен Костурницата. Тука на 220 метри е најголемиот мозаик во земјава, дело на Мазев. Во внатрешноста е и останките на поетот Кочо Рацин. Поради својата специфика, овој споменик е неодминлив за посетителите.  Тие не го кријат воодушевувањето по разгледувањето. Повеќето деца не го знаат и прв пат слушнале за него – вели Марин Клифов виш кустос  во Народниот музеј во Велес.  

Во помал број гостите сакаат да ги видат куќите каде живееле Васил Главинов и Јордан Хаџи Константинов Џинот, кои се  со карактеристичната велешка староградска архитектура. И со прекрасниот  поглед кон Вардар, кој не остава никого рамнодушен.

Стандардно е за екскурзија да одиме во Охрид, Крушево, Дојран. И одлучивме наместо таму да дојдеме до Велес. Иако е блиску до Скопје сепак ретко го посетуваме. Но има што да се види. Интересни културни знаменитости а потоа одиме и до археолошкиот локалитет Стоби – вели ученик од петто одделение од Скопје.

И додека Велес е откритие за  основците, дотогаш се помалку се посетува историското Горно Врановци. Таму се петте куќи кои се дел од темелите на Македонската држава. Но откако тамошниот хотел претана со работа, овие спомен куќи од НОБ не се толку атрактивни, се заборавени и посетители нема.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »