Петар Печков
Објавено: понеделник, 19 октомври 2015
Мешовитата македонско турска фирма ,,Еуро прик компани,, е новиот сопственик на велешки Киро Ќучук. Ова е одлука на Собранието ан доверители, која ја прифати понудата која оваа фирма ја даде на електронската аукција одржана на 28 септември. Тие за некогашната фабрика која две и пол години е во стечај, понудија 68 милиони денари а капацитетот беше проценет на 226 милиони денари.
Во продажбата влегуваат градежни објекти, машини и опрема, инвентар, транспортни средства. На наддавањето учествувале две странки а највисока понуда доставиле Турците,. Тие во неколку наврати, од пролетва биле во посета на фабриката, дошле и нивни стручни лица кои извршиле скенирање на состојбата на опремата и имотот, по што се решиле да наддаваат и ја купат.
Понудата е прифатлива бидејќи фирмата би ја рестартирала фабриката, би придонела во вработување на нови лица, би влијаела на социјалниот момент. Понудената сума за сите три понуди е 44 отсто, што е прифатливо. Лошо решение е доколку не се продаде, бидејќи по втората неуспешна електронска продажба следи поделба на имотот, кое би било на идеални делови. Тогаш се јавуваат проблеми во правниот и финансискиот промет. Или кратко кажано фабриката би останала на ниво на споменик - изјави Борче Пинев државен правобранител за територијата на општина Велес.
Тој е застапник на УЈП кој е најголемиот доверител во стечајната маса со 61 отсто. На гласањето освен него продажбата а ја поддржаа државните Фондови на ПИОМ и Здравство и Тутунска Банка НЛБ, додека против беа струмичка Еленица и скопски Макпетрол. На Собранието на доверители беа присутни 91 отсто од нив.
Дури 93 отсто од присутните доверители ја прифатија понудената сума и продажбата на Киро Ќучук. На Собранието беа прифатени и продажбата на некогашните мензи ан Пелагонија, кој за 4,5 милиони денари ги купи велешки ,,Брамс,, како и продавница кај Градскиот пазар која ја купи физичко лице Стефан Мишев за 380 илјади денари.
Купувачите имаат обврска за 15 дена, откако ќе го добијат решението, да го уплатат остатокот од средствата. Потоа следи потпишување на договорот по што фабриката и другиот имот преминува во нивна сопственост. Доколку не се уплатат средствата, за било кој предмет на продажба, таа се поништува и се оди на негова поделба - изјави стечајниот управник Ацо Петров.
Од вкупната маса на собрани средства од продажбата прво се одделуваат пари за стечајната постапка, каде влегуваат и исплата на три плати на вработени кои се нашле во работен однос во фабриката на денот на отворање на стечај. Потоа се одделуваат за развлачна обврска каде единствен доверител е Тутунска Банка, по што следат останатите доверители, процентуално согласно со нивниот удел во побарувањата.
Tweet |