Петар Печков
Објавено: среда, 23 септември 2026
Велешкиот театар „Јордан Хаџи Констатнинов Џинот“ е дел од програмата на 18-тиот Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, кој од 28 септември до 6 октомври ќе се одржува во Крива Паланка. Велешкиот театар ќе настапи со претставата „Тестостерон“ од полскиот автор Анджеј Серемонович, во режија на Синиша Евтимов на 30 септември.
Потоа велешани ќе учествуваат на Меѓународниот театски фестивал во Тетово со претставата „Вечера за глупшаци“ на 2 октомври а на 9 октомври на Фестивалот на детски претстави во Штип со „Мачорот во чизми“. На 10 октомври во Виница ќе ја одиграат претставата „Вечера за глупаци“ како дел од содржините на фестивалот „Ин Виница веритас“.
Велешки театар беше редовен учесник на Фестивалот на комедијата во Куманово, но годинава го нема во програмата. Затоа пака беше учeсник на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шисшков“ во Струмица со претставата „ГОДО“.
| Tweet |




