Петар Печков
Објавено: четврток, 12 април 2012
Повеќе од илјада вапсани јајца беа изложени во центарот на Велес. Тие се изработени од децата во градот, и истите беа понудени на продажба а собраните средства се наменети за самите училишта. На овој начин се одбележува претстојниот Велигден.
Со ова до израз дојде креативноста на учениците и наставниците. Имаме доста креативни ученици со интересни изработки кои преку оваа манифестација ги учат обичаите но и се вклучија во прослава на големиот христијански празник Велигден – рече Марија Настова од локалната самоуправа на Велес.
Организатор на осмата манифестација Велигденско јајце беше Општина Велес, зедно со среднтеи и соновнтеи училиштата од градот како и Детската градинка. Учество земаа и подмладокот на Црвениот Крст и Здружението на деца заболени од церебрална парализа. На манифестацијата учествуваа и училишта каде учат деца од муслиманска вероисповед, но и тие имаа подготвено вапсани јајца.
Децата задоволни од манифестацијата оти преку исцртување на јајцата се дружат и се запознаваат со обичаите на големиот христијански празник Велигден. На еден од штандовите имаше и јајца кои беа Полска а ги испратило Станислав Сташица во Новогард. збратименото училиште на Коле Неделковски од Велес.
Tweet |