Петар Печков
Објавено: петок, 26 март 2021
Висока бројка од 76 ново заразени лица во велешко се регистрирани од Институтот за јавно здравје, додека оздравени се 25 пациенти. Активни се 624 случаи а досега се заразени во велешко 4.274 лица. За потсетување најмногу досега ново заразени имаше на 30-ти октомври 83 лица а 79 на 3-ти ноември, минатата година.
Починат е пациент на 64 годишна возраст, позитивен, од Велес кој е лекуван на инфективно одделение шест дена - соопшти д-р Елеонора Јованов, портпарол на Општа Болница Велес. Тоа е 128-та жртва на ковид заразата.
Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 75 пациенти, од кои 64 се потврдени позитивни, тројца сомнителни и осум пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување. На Инфективно одделение се 53, на Интерно осум и во Модуларна болница 14.На кислородна поддршка се 31 пациенти.
Tweet |