речник контакт

Владиката Агатангел манастирот во Согле има огромно историско значење

Нема изгорено книги и икони, но затоа огнот ги уништи покуќнината, постелнината, машините

Петар Печков

Изгореа неколку вековните градби на Согленскиот манастир Св. Богородица. Прав и пепел се стори историјата на овој дел од централна Македонија.  Старите манастирски конаци кои до неодамна беа прифатилиште за бројните гости и посетители, сега веќе ни нема.

Манастирот  е посетуван од голем број верници поради чудотворната икона но и верувањето дека таму има лек за жените неротки.  Се уште се бараат причините за пожарот иако првичните сознанија се дека е предизвикан од неисправна електрична инсталација. Не може ниту да се процени колкава е материјалната штета од огнот. Познато е дека изгореа  стари згради конаци, вкупно 500 метри квадратни.

Овој манастир има огромно историско значење и  тој особено придонесувал за духовниот развој и зацврстувањето на идентитетот на македонските православни христијани од регионот на Азот. Со обновата на духовниот - монашки живот, под закрила на чудотворната икона „Св. Богородица Согленска“, која е прочуена во не само во Македонија, туку и на балканските простори, па и пошироко, манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ од  Согле повторно стана духовно светилиште и училница на здравата православна духовност, како за жителите на Азот, така и за сите оние добронамерни посетители. За жал со пожарот изгоре дел и од историјата на жителите од овој крај – вели Владиката Агатангел Митрополит на Повардарската Епархија.

Во трите згради кои изгореа до темел, огнот ја уништи комплетната покуќнина, кревети, постелнина како и техничка опрема, фрижидери, машини за работа. Во нив не се чувале икони ниту книги. Манастирот Св. Богородица во селото Согле е оддалечен 30 км од Велес и на 10 од селото Богомила. Опкружен е во шума и до него води лош  земјен пат.  Според записите и градбата, стручњаците посочуваат дека   црквата е градена  во 14-ти век или порано, пред да почне исламизацијата на населението.

Постојната црква е доградувана и поправана во 1836-та година, која се смета за нејзин почеток на работа, иако документите тврдат дека таа постоела многу векови претходно. Црквата Св. Богородица е позната по чудотворната икона на Св. Богородица, каде многу жени ги добиле и своите први рожби, по посетата и допирањето на иконата.

За богатството со кое манастирот располагал, сведочи и пишувањето на Јордан Хаџи Константинов Џинот кој запишал при посетата дека е ,,изненаден од големото богатство на манастирската библиотека со ретки пергаменти и ракописи,,. Ова Џинот го констатирал откако бил таму  во втората половина на 19-тиот век. Повардарската Епархија на МПЦ-ОА ги повика верниците и граѓаните кои сакаат да помогнат, тоа да го сторат со донација на средства на  жиро сметката на Епархијата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »