речник контакт

Влезната врата од Судот полеана со киселина и фекалии

Инцидентот го предизвикала Марија Папазова, незадоволна од судските пресуди. За претходниот вакoв инцидент доби една година затвор, за овој следи прекршочна за повреда на Законот за јавна чистота

Петар Печков

Утрово околу 8,20 часот Марија Папазова  ја полеала влезната врата од Основниот суд во Велес со течност која била подготвена во  жолто шише. Според миризбата која се ширеше од пред оваа институција  најверојатно е киселина и фекалии кои беа  и пред вратата, додека не ги исчистија службите на Судот. 

Веднаш по ова Папазова  приведена од СВР Велес каде се наоѓа и дава изјава за инцидентот. Од таму информираа дека против Папзова ќе  поднесат прекршочна за повреда на Законот за јавна чистота.

  Таа неoдaмна во Oсновниот суд   доби една година затвор оти ја полеа вратата од  велешкиот суд со бензин и се обиде да ја запали. Таа беше  прогласена за виновна за делото,,предизвикување на општа опасност,,. Папазова на 19-ти јули,  во 8,30 часот  ја полеа влезната врата на Основниот суд во Велес со бензин со намера да ја запали.Но беше спречена  судската полиција во нејзината намера.

Марија Папазова  од Башино село  одговара кривично за неколку слични дела во Велешкиот суд, откако е во постојана кавга со ЕВН-ЕСМ.  Компанијата ја тужи оти не ги плаќала сметките, жената тврди дека ги плаќа.  Поради ова со налози, вработените го сечат електро напојувањето на домот на Папазова. Во тие обиди  на ЕВН, Папазова има нападнато нивни  вработени, се  обидела да ги исече и запали бандерите каде тие се искачувале  и да ја потпали Трафо станицата од каде се снабдувала со струја. За овие дела се чека психијатроско вештачење, дали Папазова  како личност е пресметлива или не.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »